89
Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус го отфрли повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП), нарекувајќи ја бројката нереална и непотребна.
„Пет проценти од нашиот БДП би биле еднакви на 42 проценти од федералниот буџет, што е речиси секое второ евро што владата го троши, значи околу 230 милијарди евра“, рече Писториус во интервју за весникот „Тагесшпигел“.
Според него, Германија не би можела да се справи, а камоли да потроши толку.