Арсенал му пукна „петарда“ на Манчестер Сити

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Арсенал ја заврши неделната кампања во Премиер лигата со убедлива победа од 5-1 над шампионот Манчестер Сити и ја задржа дистанцата од лидерот во лигата Ливерпул. „Црвените“ имаат 56 бода по саботната победа над Бурнмаут, додека лондончани се втори со 50 и натпревар помалку.

Мартин Одегард му донесе водство на Арсенал во втората минута по додавањето пред голот на Каи Хаверц. Полувремето заврши со овој резултат и иако Ерлинг Халанд израмни со глава во 55. минута, преостанатиот дел од натпреварот на „Емирати“ мина во целосна доминација на домаќините.

Томас Парти го прекина додавањето на Фил Фоден и го совлада Стефан Ортега за 2-1 секунди по голот на Халанд, а 18-годишниот Мајлс Луис-Скели го постигна третиот гол за домаќините во 62. минута. Каи Хаверц пак ја реализираше асистенцијата на Габриел Мартинели, а 17-годишниот Итан Нуанере ги постави конечните 5:1 во дополнителното време.

Поразот на „Емирати“ беше прв за Сити од почетокот на календарската година и по него шампионите остануваат четврти во поредокот, со девет бода помалку од „топџиите“.

Слични содржини