Костадинов предлага намалување на функционерските плати за борба против загадениот воздух

од Nikola Popovski
54 прегледи

Во услови на ектремни цени, имаме реална можност да прогласиме економска криза, мерка со која би се замрзнале платите на функционерите. Да не бидам погрешно разбран и јас барам мојата плата да биде намалена. Со таквата мерка имајки во предвид дека во државата имаме над 2.000 функционери, објави вчера градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов за справување со загадениот воздух кој со години е рак-рана за македонското општество.

Според Костадинов, доколку сите функционери се согласат да им се намалат платите по 12.000 денари и притоа истите никако да не се покачуваат, би се генерирале заштеди во висина од 24.000.000 денари или 400.000 евра месечно. Струмичкиот градоначалник смета дека овие средства ќе бидат сосема доволни за имплементација на итни мерки, субвенции до населението особено за цената на гасот, котли за гас, продолжување на секундарната гасификација, говорам за Струмица.

-Живееме во време кога мораме ние кои ја имаме честа од граѓаните да ги водиме да направиме чекор со кој ќе скратиме од нас а за бенефит на нацијата. Решението е едноставно и реално можно, предложи Костадинов

Струмичани во саботата со протестен марш го изразија својот револт што институциите не го решаваат проблемот со загадениот воздух. Со години Струмица е меѓу најзагадените градови во земјава. Досега никој не е казнет, а граѓаните се трујат.

Јавно да се објават кои фабрики, какви филтри имаат поставено и што испуштаат во воздухот, побараа екоактивистите од локалната и државната власт кои сметат дека казни мора да има.

Или чист воздух или граѓански отпор – ова беше крајната порака на струмичани кои протестот го завршија пред општинската зграда.

Во Македонија годишно од загаден воздух умираат околу 3.400 луѓе, што претставува 17-19% од вкупната смртност. Главни извори на загадување се загревањето на домаќинствата и јавните објекти, сообраќајот и ресуспендираните честички. Особено се погодени деца, со ризик од намален коефициент на интелигенција и други долгорочни здравствени проблеми. СЗО предупредува дека голем број луѓе на Балканот и Источна Европа дишат воздух што значително го надминува нивото на загадување.

Слични содржини