На 25 Јануари 2025 година, во просториите на Д Стронгест – Скопје, се одржа редовното изборно собрание на Федерацијата на Р. Македонија за Бразилска Џиу Џица и ММА. На Собранието присуствуваа делегати од клубовите членки на Федерацијата, кои активно учествуваа во донесувањето на одлуки за иднината на федерацијата.
По успешен претседателски мандат, Ивица Алексовски едногласно беше реизбран за претседател, со што го продолжи својот мандат на уште четири години. Покрај тоа, избрани се нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор. Дејан Чолески беше избран за потпредседател на федерацијата.
На собранието усвоен е календарот на настани, кој вклучува домашни и меѓународни турнири како Европското ММА првенство, Светското ММА првенство, како и повеќе АЈП и АДЦЦ натпреварувања.
Беше донесена одлука за зголемено учество на семинари за судии и тренери, и за соработка со реномирани експерти од БЏЏ и ММА сцената, со цел професионализација на спортот во Р. Македонија.
Собранието заврши во позитивен дух, со амбициозни планови за развој на спортот и зголемување на бројот на активни членови. Со усвоените решенија, Федерацијата продолжува да работи на унапредување на овие два спорта во земјата.