И „црвените ѓаволи“ го сакаат Матис Тел

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Напаѓачот на Баерн Минхен, Матис Тел, е предмет на нови шпекулации пред затворањето на преодниот рок во понеделник, а Sky Sports го поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Медиумите тврдат дека 19-годишниот Тел одлучил да се пресели на „Олд Трафорд“. Англискиот тим претпочита договор за позајмица, додека Баерн сака целосен трансфер или барем опција за откуп по првичната позајмица.

Јунајтед се раздели со Маркус Рашфорд, кој не играше во последните недели и се пресели во Астон Вила.

Спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд претходно изјави дека Тел е „неопределен“ и дека сепак може да остане во Минхен, каде пристигна во 2021 година и има договор до 2029 година.

Германските медиуми тврдат дека Тел одбил трансфер вреден 60 милиони евра во Тотенхем претходно оваа недела. Тој добива само ограничена минутажа во Баерн и побара да си замине за да биде повеќе на теренот.

Слични содржини