Емотивниот Лука Дончиќ: „Сакав да ви донесам прстен“

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Лука Дончиќ пристигна во Лос Анџелес каде во наредниот период ќе го носи дресот на Лејкерси, по еден од најспектакуларните трејдови во историјата на НБА.

Словенечкиот интернационалец ќе го носи дресот на славниот клуб, додека центарот Ентони Дејвис замина во спротивен правец кон Далас, за кој Лука настапува од 2018 година.

Пред пристигнувањето во Градот на ангелите, еден од најдобрите кошаркари на денешницата им се обрати на навивачите на Маверикс, кои се уште се во неверување поради заминувањето на нивниот најдобар играч.

„Пред седум години дојдов во Далас за да го остварам мојот сон да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам целата моја кариера. Љубовта и поддршката што ги добив беа поголеми отколку што можев да сонувам. За момче од Словенија што дојде во Америка, го направивте Северен Тексас мој дом. Низ добри и лоши времиња, од повреди до финале на НБА, вашата поддршка не се промени. Ви благодарам што не само што споделивте убави моменти, туку и ме подигнавте кога ми беше најпотребно“, напиша Лука.

Дончиќ посебно истакна една работа.

„Кога дојдов, мислев дека целата кариера ќе ја поминам во Далас. Многу сакав да ви ја донесам титулата во НБА. Ви благодарам на сите со кои работев во Далас, што им помогнав на луѓето на кои им беше потребна помош. На мојот нов кошаркарски старт го напуштам градот кој секогаш ќе го сметам за дом. Далас е посебен град, а навивачите на Мавс се посебни фанови. Ви благодарам од се срце“, стои во писмото на Лука Дончиќ.

Слични содржини