Запалено возило на јавен обвинител

од Nikola Popovski
74 прегледи

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен.

Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија. Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините.

И на почетокот на декември 2024 година беше запалено возило во сопственост на државниот обвинител Џелал Бајрами, кој претходно во Владата на Никола Груевски беше министер за труд и социјална политика и заменик-министер за внатрешни работи, како кадар на ДУИ. По неколку дена беше фатен сторителот. Не беа обелоденети причините за пожарот.

Слични содржини