Рано е за крај: Серхио Рамос се враќа во фудбалот во голем стил

од Vladimir Zorba
4 прегледи

Серхио Рамос му се враќа на фудбалот на 39 години.

Легендарниот шпански фудбалер ги помина медицинските прегледи, пишува мадридска „Марка“ и ќе потпише договор со клубот Рајадос де Монтереј каде соиграчи ќе му бидат Серхио Каналес и Оливер Торес и тренерот Мартин Демикелис.

Рамос во придружба на неговиот брат Рене отпатува во градот во северниот дел на Мексико каде без проблем ги помина тестовите за физичка сила, иако практично не игра фудбал од крајот на минатата сезона и неговото заминување од Севиља.

Се веруваше дека ова е крај на неверојатната кариера на човекот кој освои се во фудбалот, но овој великан од Севиља очигледно се уште сака да игра.

И ќе игра на високо ниво, во елитните редови на мексиканскиот фудбал за многу успешен клуб зад кој стои армија навивачи од град со над пет милиони жители.

Рајадос има пет титули во мексиканското првенство и три купа, како и пет триумфи во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ.

Слични содржини