Пронајдено тело на жена која била пријавена за исчезната

од Nikola Popovski
45 прегледи

Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на шеесет и четиригодишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.

-На 02.02.2025 околу 10:30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К.(64) за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, го пронашло вчера нејзиното тело во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.

Како што додаваат од полицијата, по насока на јавен обвинител сепак телото е предадено на семејството.

Слични содржини