„Аморим покажа непочитување кон Рашфорд“

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Микаел Силвестре смета дека Рубен Аморим покажал непочитување кон Маркус Рашфорд.

Англискиот напаѓач беше испратен на позајмица во Астон Вила откако беше обвинет дека не вложил доволно труд за време на натпреварите и тренинзите.

Аморим дури рече дека повеќе би сакал да го пушти во игра својот 63-годишен тренер на голманите Хорхе Витал, отколку играч кој не го дава најдоброто од себе.

„Тој отиде предалеку. Ова е знак на непочитување“, рече Силвестер на beIN Sports.

„Не можете така да зборувате за Маркус, кој е во Манчестер Јунајтед од својата деветта година. Такво нешто можеш да кажеш во приватен разговор, но мислам дека нема смисла јавно да се каже. Ова не му помага на тимот, на сопствениците или на Маркус“.

Додека Рашфорд ги минуваше медицинските прегледи и го потпишуваше договорот во Бирмингем, Јунајтед претрпе нов пораз на домашен терен, овојпат со 0:2 од Кристал Палас и падна на 13-то место во поредокот.

Слични содржини