Повици за нов „Црн петок“ за маркетите

од Nikola Popovski
201 прегледи

Повик за нов бојкот на сите маркети в петок – граѓаните да се воздржат од купување на производи во големите трговски синџири. Од завчера на социјалните медиуми се шири нов повик за бојкот, но не на сите туку само за двата големи маркети „Тинекс“ и „Веро“. Се повикуваат граѓаните денеска да се воздржат од купување на производи од овие два маркети додека за петок повторно се најавува бојкот на сите колеми синџири, а истиот е насловен како „Црн петок“ за маркетите.

Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на прометот за 46,59%. „Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%. Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%“, според податоците на УЈП. Сепак, граѓаните им го надополниле профитот во саботата. Според УЈП, трговците пријавиле за речиси 114 милиони 300 илјади денари повеќе остварен промет. Според податоците,може да се види дека оваа сабота прометот е поголем за 11,3% во однос на претходната.

Паролата на првиот бојкот огранизиран од страна на граѓаните  беше „Попусто попусти кога цените се исти“, кои според реакциите даде позитивен резултат. Бојкотот беше подржан и од политичките партии и од Владата.

Минатата недела првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов упати апел до граѓаните да се воздржат од дополнителни трошоци, односно „двојно или тројно трошење во четврток и сабота“. Трендафилов истакна дека на тој начин, трговците „не треба да ги збогатиме за 2-3 пати, туку да ги зауздаме“.

Бојкотот кој почна да се шири од Хрватска каде пред една недела граѓаните останаа дома и ги оставија празни касите во големите маркети ги поттикна и земјите од регионов да го следат примерот. Во Хрватска сега во тек е и седумдневен бојкот на одередени трговски синџири бидејќи цените им се повисоки отколку во другите земји на ЕУ.

Слични содржини