Пандов ги откри деталите како Васил Јованов го добил мобилниот во „Шутка“

од Nikola Popovski
135 прегледи

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов ги откри деталите за тоа како возачот Васил Јованов кој ја усмрти младата Фросина, добил мобилен телефон во притворот во затворот „Шутка“. Информира дека Јованов од првиот момент барал средство за комуникација.

-Стапува во контакт со притвореник од соседна ќелија. Тој му бара 250 евра за телефонот, по што парите се исплатени на братот на притвореното лице од страна на близок член на фамилија на Јованов. Потоа прават сцена дека во ќелијата на Јованов на него му се слошува и дека му паднал шекерот. Од таа другата ќелија понудуваат да дадат кутија со колачи. Затворски полицаец ја зема таа кутија, не ја проверува и ја носи кај Јованов. Полицаецот е суспендиран, рече Пандов вчера во емисијата „Топ тема“.

Според Пандов, во текот на денот недела, директорот на „Шутка“ добил информација дека во женското притворско одделение, затворски полицаец продава телефон.

-Директорот Утковски оди во таа ќелија и го наоѓа телефонот. Добива изјава од притворената и тој полицаец е суспендиран. Денес направен е претрес, но и претходно се правени претреси. Постојано правам притисоци за претреси. Во меѓувреме, формирани се две интервентни единици – едната во „Идризово“ и едната во затворот во Штип. Такви денес затворски полицајци прават на 40 ќелии и најдени се 70 мобилни телефони. Ова е информација од пред некој час. Откога сум јас директор на Управата, има 32 постапки и обвиненија во Обвинителството против затворски полицајци. Има 100 дисциплински постапки. Дел од нив се веќе суспендирани и не се веќе на работа, изјави директорот, додавајќи дека „најголемите шверцери на дрога и телефони се вработени во затворот“.

-Еден телефон 250 евра, оној вчера 400 евра бил продаден. Тоа е многу пари, дециден е Пандов.

Слични содржини