Тоа е само бизнис, напиша Ентони Дејвис за трејдот во Далас Маверикс

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Ентони Дејвис, кој се пресели во Далас Маверикс од Лос Анџелес Лејкерс, во понеделникот прокоментира дека оваа зделка е дел од кошаркарската работа, а кошаркарите немале збор во случајот.

Договорот беше чуван во тајност до сабота навечер, 31-годишниот Дејвис се упати кон клубот од Тексас, додека 25-годишната словенечка ѕвезда ќе го заземе неговото место во тимот од Калифорнија.

„Кошаркарскиот бизнис е бизнис како и секој друг“, напиша Ентони Дејвис на својот Инстаграм профил.

Во изминатите шест години тој беше десна рака на Лејкерс и НБА суперѕвездата Леброн Џејмс. Центарот кој е роден во Чикаго се наврати на годините поминати со „езерата“.

„Пред шест години пристигнав овде со амбиција да освојам титула и никогаш нема да го заборавам тој момент“, напиша тој, постигнувајќи ја својата цел со Лејкерс во 2020 година.

„Лос Анџелес секогаш ќе има посебно место во моето срце и секогаш ќе биди еден од моите домови“, додаде кошаркарот, кој кариерата ја започна во Њу Орлеанс.

„Секоја приказна има свое следно возбудливо поглавје, па еве сме, Далас“, оптимистички заклучи тој.

Претходната вечер Леброн Џејмс, кој наполни 40 години, му оддаде почит на својот поранешен соиграч. „Те сакам пријателе. Забавувај се таму“, напиша тој на заедничката фотографија од двајцата прегрнати.

Што се однесува до Лука Дончиќ, кој го облече дресот на Лос Анџелес Лејкерс, изјави дека е „благодарен за оваа неверојатна можност“.

Слични содржини