Поранешниот десен бек на Манчестер Јунајтед, Гери Невил беше доста критичен кон менаџерот на тимот Рубен Аморим и рече дека ситуацијата може да продолжи да се влошува до крајот на сезоната, што ќе влијае и на почетокот на следната кампања.
„Црвените ѓаволи“ не само што не се подобрија по доаѓањето на Португалецот, туку дури резултатите се влошија. Досега загубија пет од седумте домашни натпревари под негово водство во Премиер лигата, од кои последниот беше во неделата против Кристал Палас.
„На почетокот мислев дека работите ќе се подобрат со доаѓањето на Рубен Аморим. Ми се чинеше дека новите идеи ќе им се допаднат на фудбалерите и ќе можат соодветно да одговорат. Но, го гледаме токму спротивното. Нешто изненадувачки, работите се многу полоши. Ќе има уште многу болки до крајот на сезоната, а тоа може да биде многу опасно за почетокот на следната кампања. Очигледно, раководството засега ќе се држи до Рубен Аморим, но колку повеќе губите, толку потешко е да ги убедите играчите во вашите идеи. Таа идеја за која зборуваше на почетокот. Му треба играчите да веруваат, но поразите продолжуваат, критиките се натрупуваат, а рефлекторите продолжуваат да бидат насочени кон нив, навивачите не се задоволни. Не можеме да продолжиме со овие порази, бидејќи тоа целосно ќе ги исфрли сите идеи од глава на играчите, што може да биде многу проблематично за стартот на следната сезона. Тој мора да направи нешто. Нема шанси да го промени својот пристап бидејќи тоа би бил апсолутен крај. Мислам дека загуби повеќе натпревари во Манчестер Јунајтед отколку во последните 75 во Спортинг. Мислам дека нема да му се допадне, но треба да ги поедностави работите. Можеби не му се допаѓа Хојлунд, можеби не мисли дека Циркзе е доволно добар, но мора да избере една стартна единаесетка и да се држи до неа. Ова не може да продолжи на ист начин. Морам да кажам дека ситуацијата во моментов е многу, многу несреќна“, изјави Гери Невил.
Засега англискиот печат не ја споменуваше можноста за разделба со Рубен Аморим, но доколку нема драстична промена на резултатите, оваа перспектива може да се промени во последните недели од сезоната. „Црвените ѓаволи“ се уште имаат шанси за трофеј до крајот на сезоната, бидејќи во петок се соочуваат со Лестер во мечот од четвртото коло од ФА Купот, а исто така се пласираа во следната фаза од Лига Европа, каде што се уште не се поразени.