Симона Халеп, романската тенисерка и некогаш најдобра во светот, се повлекува од „белиот спорт“. Двократната Гренд слем шампионка веќе подолго време се мачи со повреда на коленото, а бидејќи веќе не е во цутот на младоста (34), постои голема веројатност да се пензионира.
Тенисерката, чија доцна кариера ја одбележаа допинг-скандали, се одлучила на овој чекор бидејќи не гледа излез од својата проблематична ситуација. Поради проблеми со повредите, лекарите предлагаат операција за која секако ќе биде потребен добар период на рехабилитација, а бидејќи времето не е на нејзина страна, Симона Халеп сериозно размислува за пензија.
Во интервју за романските медиуми може да се каже дека објави крај на кариерата.
„Повредата на коленото што ја имам е доста сериозна и тешко се опоравувам. Не знам дали се плашам да се дотуркам до крај, но кога имам болки, тешко е да играм на највисоко ниво. Многу е тешко да се вратам таму каде што бев. Ме советуваа да се оперирам и тоа е комплицирана процедура, па мислам дека нема да поминам низ тоа. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Животот оди понатаму и јас ќе ги преземам работите како што ќе дојдат“, рече Халеп.
Во текот на кариерата, девојката од Констанца ги освои Вимблдон и Ролан Гарос, а играше и во финалето на Австралија Опен, како и во полуфиналето на УС Опен. Таа има 24 трофеи во нејзината ризница, додека најдобар пласман и беше на крајот на 2017 година, кога беше прва на ВТА листата. Таа постигна рекорд од 580 победи и 242 порази во сингл конкуренција, додека заработила нешто повеќе од 40 милиони долари од заработка од турнири во текот на нејзината кариера.