На Ортопедија извршена уште една трансплантација со коска од донор

од Nikola Popovski
30 прегледи

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12 годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење штраф, а по повторна појава на деформитетот се одлучило да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција.

Пациентот испишан во гипсена имобилизација и по шест недели ќе започне со процес на рехабилирација.

Оперативната интервенција ја изведе проф.д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиолог Јадранка Зафировска со анестетичар Златка Апостолова, инструментарка Билјана Тројановиќ и помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз.

-Сакам да изразам благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација. Нашата цел е зголемување на свесноста за органодарителство, како највисока и најблагородна форма на хуманизам, која е возможна само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, вели д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, објавија од ресорот здравство.

Слични содржини