Стопанската комора на Македонија информира дека денеска во Софија, Бугарија се одржува „The Economist Business Summit“, кој ги собра заедно политичките и бизнис лидерите од Бугарија и од регионот. Се разговарало на глобални и регионални теми како: глобалната геополитичка состојба, енергијата и зелената транзиција, вештачката интелигенција, информатичката технологија и приоритетите на Р. Бугарија за 2025 година.
На настанот се обратиле претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој официјално го отворил Самитот, како и тамошниот премиер Росен Желјазков.
На настанот присуствува и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески кој остварил средба со Радев.
-Заедно се договорија да организираат средби на македонски и на бугарски бизнисмени во текот на месецов, исклучиво на теми поврзани со инфраструктурата, зголемување на трговската размена и отстранување на сите бариери кои ја попречуваат соработката меѓу двете земји. За таа цел претседателот Азески ќе одржи одделни средби со премиерот Желјазков и со вицепремиерот и министер за транспорт на Р. Бугарија, Гроздан Караџов, соопштија од СКМ.