Мусиала станува најплатен играч на Баерн

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала ќе потпише нов договор со клубот во февруари, дознава германски Скај Спорт.

Баерн неодамна го продолжи договорот со левиот бек Алфонсо Дејвис, а новинарот на „Скај Спортс“, Кери Хау тврди дека ќе биде официјализирано и продолжувањето на соработката со Мусиала.

Актуелниот договор меѓу двете страни истекува во летото 2026 година.

Мусиала благодарение на новиот договор ќе заработува многукратно повеќе. Медиумите во Германија тврдат дека Мусиала ќе се посвети на Баерн до 2030 година и ќе заработува нешто повеќе од Хари Кејн, кој во моментов е прв по тој показател со 25 милиони евра годишно.

Мусиала некогаш беше најмладиот стрелец во историјата на Баерн (рекорд соборен од Матис Тел), и сè уште е најмладиот фудбалер кој некогаш играл за клубот од „Алијанц Арената“.

Она што е особено застрашувачко за ривалите е фактот дека тој има само 21 година.

Во првиот тим на Баерн е од летото 2020 година, а во текот на 2024 година направи голем исчекор и дополнително се етаблира како еден од најдобрите фудбалери во светот.

Мусијала оваа сезона постигна 15 голови и забележа 7 асистенции.

Баерн е лидер во Бундеслигата со 51 бод.

Слични содржини