Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претходен лидер на УМС, Сергеј Попов смета дека „Левица како партија нема контакт со млади и затоа нон – стоп се во офсајди“. Ова следува откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека власта го затворила студентското радио.
-Професорот во обид да добие визибилност кај студентите и младите се изрезили. Не удира ВМРО по никого, туку младината природно се модернизира и прилагодува на модерните начини на јавно информирањe. Наместо да летате од тема на тема, за колку да ве има со некаква критика во јавност, пробајте малце и суштина да вметнете, стои во Фејсбук објавата на Попов.
Претходно Апасиев напиша дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски е виновен за затворањето на студенсткото радио на УКИМ.
Студентите на УКИМ велат нешто сосема друго. Дел од нив објаснија преку социјалните мрежи дека радиото е затворено по одлука на студентските тела бидејќи било констатирано дека никој не го слуша и дека е потребно средствата да се насочат кон социјалните медиуми каде во нов формат би се правел обид да се допре до поширока публика.