Коосновачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс (68) за прв пат проговори за својата девојка Пола Херд (60). Пола е вдовица на поранешниот извршен директор на „Оракл“, Марк Херд, и е во врска со Гејтс од 2023 година.
„Имам среќа што имам сериозна девојка, која се вика Пола. Се забавуваме, бевме на Олимпијада и правиме многу други кул работи”, прокоментира Гејтс при гостувањето во популарната емисија Today.
Новинарката Савана Гатри потоа го праша за неговите внуци. Ќерката на Бил, Џенифер, всушност ги има ќерките Миа и Лејла, а на прашањето дали ги наследиле неговите вештини, Гејтс одговорил дека не сака да ги принудува да го прават истото како него. „Ќе се обидам да бидам добар дедо. Ќе им читам книги, како моите баба и дедо“, заклучил тој.
Да потсетиме, Гејтс неодамна го коментираше разводот со сопругата Мелинда Френч Гејтс. Во интервју за „Тајмс“, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во животот: „Има повеќе, но ниту една од нив не е важна. Разводот беше болен за Мелинда и мене најмалку две години“.
Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс се венчаа во 1994 година, а заедно ги имаат ќерките Џенифер (28) и Фиби (22) и синот Рори (25). Тие ја потврдија веста за нивниот развод во мај 2021 година по 27 години брак. Тие наводно биле разделени една година пред потврдата.
Мелинда е во врска со бизнисменот Филип Вон од 2024 година.