Џек Дуан одговари на шпекулациите за неговата иднина

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Новиот возач во редовите на Алпин, Џек Дуан одговори на шпекулациите за неговата иднина во францускиот тим.

Оваа шпекулација се појави на крајот на минатата година, кога главниот советник на Алпин, Флавио Бријаторе отворено изјави дека нема гаранции дека Дуан ќе остане во тимот по првите неколку трки од годината. А ситуацијата на Австралиецот уште повеќе се влоши на почетокот на јануари кога Алпин го донесе Франко Колапинто, миленикот на Бријаторе, од Вилијамс како резервен возач.

Шефот на Алпин, Оливер Оукс подоцна даде гаранции дека на Дуан ќе му се даде фер шанса да ја задржи својата позиција во Алпин. И самиот Австралиец изјави за Sky Sports F1 за време на Autosport Awards дека има намера да го зацементира своето место на стартната мрежа.

„Многу сум мотивиран. Едвај чекам само да излезам на патеката и да почнам да работам со рацете и нозете во болидот. Дефинитивно е возбудливо да се биде дел од светот на Формула 1. За мене тоа е многу посебна работа. Посебно е што ќе се натпреварувам против луѓе кои ги гледав уште од мали нозе, особено Луис (Хамилтон). Значи, да се биде еден од 20-те возачи на гридот е многу посебно и јас ќе сакам само да го зацврстам своето место за во иднина“, рече Дуан.

Слични содржини