„Трејдот“ на Лука Дончиќ предизвика огромни контроверзии во светот на НБА кошарката, а Денис Шрудер истакна дека тоа е еквивалентно на „модерно ропство“.
Германецот е познат по своите многу искрени изјави, а тоа беше случај и сега, а беше многу остар во критиките за тоа како НБА се однесува кон играчите.
„Ова е модерно ропство. Иако имате договор, секој може да одлучи каде ќе одите. Се разбира, заработуваме многу пари и можеме да ги прехраниме нашите семејства, но кога се се сведува на тоа, ако речат „не доаѓај утре на работа, те пративме на друго место“, тогаш тоа значи дека тие одлучуваат за се. Тоа би морало малку да се смени“, изјави Денис Шрудер
Кошаркарот на Голден Стејт беше „трејдуван“ осум пати, па не му е непознато како функционира системот.