80
Вистинска бомба дојде од Островот, поврзана со клучните играчи на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк и Мохамед Салах.
Станува збор за нивните нови договори, а страницата „Anfield Edition“ на платформата „Х“ тврди дека двајцата играчи веќе потпишале нови договори со клубот.
Самата страница внимателно следи што се случува во Ливерпул и оваа информација дефинитивно може да се покаже како вистинита. Сепак, се уште нема официјална потврда и допрва треба да се потврди дали е вистина, а повеќе информации се очекуваат во наредните денови.
Се вели дека Ливерпул се уште преговара со Трент Александер-Арнолд, ситуацијата таму е комплицирана, но „црвените“ сакаат да го задржат својот дефанзивец, а тоа во овој момент не изгледа невозможно.