Осум дена се трага по исчезнатиот Миле од Неготино

од Nikola Popovski
58 прегледи

Осми ден веќе како се трага по неготинецот Миле Тодоров, кому му се губи трагата од 30-ти јануари. Неговите другари и роднини ја пребаруваат целата област околу село Марена, каде е лоциран за последен пат. Досега беше најден само неговиот мобилен телефон покрај реката Луда Мара.

Во потрагата учествуваат службени лица, нуркачи, кучиња трагачи, доброволци, се бара со дронови, а беше ангажиран и хеликоптер. Дел од блиските ги посетиле манастирите и црквите во Тиквешијата, но засега нема трага од нивниот другар и внук.

Откако дал отказ на работното место во Кавадарци, Тодоров пеш заминал за Неготино, чиј жител бил. Кај Марена му се губи трагата.

Во моментот на исчезнувањето, Миле бил облечен во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Висок е висок 185 цм.

Доколку имате било какви информации за Миле Тодоров, јавете се на полицијата веднаш или на следниве броеви: 078/909-481 и 075/691-727.

Слични содржини