СДСМ: „Аптив“ заминува од Бунарџик, се губат работни места

од Nikola Popovski
167 прегледи

СДСМ утрово соопшти дека странските инвеститори си одат од земјава и се губат работни места откако вчера беше обелоденето дека ирско – американската компанија „Аптив“ го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик кај Скопје, а британскиот гигант „Џонсон Мети“, најголемиот извозник од Македонија, ќе го намали бројот на вработени.

„Аптив“, која со години функционираше во индустриската зона Бунарџик, вработуваше околу 500 лица.

Според СДСМ, „ова е јасен показател за лошата бизнис-клима, лошите економски политики, недостатокот на јасна стратегија и катастрофалното менаџирање со државата од страна на власта“.

-Податоците на статистика покажуваат загрижувачки тренд – извозот на земјава во периодот јануари-ноември 2024 година е намален за 5,9 проценти во споредба со истиот период во 2023 година, стои меѓу другото во партиското соопштение од „Бихаќка“.

Во дописот од „Аптив“ стои и дека имаат план за поддршка на вработените во текот на целата транзиција,  која ќе биде во согласност со локалните закони и прописи, односно ќе ги обештетат. Причините за заминувањето се случувањата на глобалниот пазар и кризата.

Во 2016 година, „АПТИВ Сервисес Македонија“ ја отвори својата прва локација во Македонија, во Скопје – Технолошка индустриска развојна зона, Бунарџик.

Слични содржини