Дали Ред Бул ќе му ја исполни желбата на доктор Марко?

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Набргу по крајот на сезоната во Формула 1 2024 година, советникот за моторспорт на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, сподели што сака од болидот на Булс за 2025 година.

Неговата желба е тој да има поширок оптимален работен прозорец за да им олесни на инженерите и возачите да го постават болидот за секоја поединечна трка. Ова беше еден од недостатоците на болидот од минатата сезона, кој имаше многу тесен работен прозорец и најмала промена на условите имаше значително влијание врз него.

Ова беше повеќе истакнато кај Серхио Перез отколку кај Макс Верстапен, што доведе и до тоа Мексиканецот да биде заменет со Лиам Лосон. Па дали Ред Бул ќе им даде на Верстапен и Лосон автомобил со поширок работен прозорец? Одговорот на ова прашање го даде техничкиот директор на Булс, Пјер Ваше, кој зборуваше за motorsport.com.

„Идеално, ќе го има тоа. Но, треба да знаете дека ако имате поширок прозорец, севкупниот потенцијал на автомобилот е намален. Она што го сакате е да бидете во вистинскиот прозорец за секоја патека, па мора малку да предвидувате. Ако можете да го постигнете тоа, зошто да го проширите целокупниот прозорец и да го жртвувате севкупниот потенцијал на автомобилот? Сакате да имате побрз автомобил од другите. Нема да го намалам целокупниот потенцијал за полесно да се работи. Можете да го намалите потенцијалот да им помогнете на пилотите да го управуваат, но не и да им помогнете на инженерите подобро да го „сетираат“ болидот“, рече Ваше.

Слични содржини