Камбовски: Законски членовите можат да се разрешат само во рамките на Судскиот совет

од Nikola Popovski
146 прегледи

За претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, најавите за разрешување на членовите на Советот, единствено место каде тоа е предвидено е во Законот за Судски совет. Според него, секој има право да поднесува иницијативи откако од Владата истакнаа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива до Собранието.

На прашањето што доколку Собранието ги разреши членовите, Камбовски вели дека сите во државата работиме согласно закон и Устав.

-И немам причина да се сомневам дека и Владата и Собранието работат согласно тие принципи, рече првиот човек на СС во изјава за медиумите.

Запрашан дали би го поканил премиерот Христијан Мицкоски на средба по сите прозивки за да се расчистат дилемите, Камбовски вели дека „кај него нема дилема доколку се зборува за законско постапување“. Истакна дека секогаш е отворен за разговор и соработка со останатите две власти во државата, во корист на граѓаните.

Слични содржини