Капитенот на Лас Палмас објави дека има рак

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Лоши вести доаѓаат од Шпанија, поточно Лас Палмас. Капитенот Киријан Родригез откри дека боледува од рак, кој ќе го принуди да се повлече од терените.

Водачот на споменатиот тим веќе се бореше со тешка форма на рак пред три години, кога отсуствуваше осум месеци. Како што е најавено, Родригез боледува од тумор кој ги зафаќа лимфните јазли и може да се врати во секое време.

„Вчера ми кажаа дека повторно имам рак. Ќе морам да престанам да играм на шест месеци. Сакам луѓето да ме гледаат силен, а не да ми доаѓаат со пораки на тага и охрабрување. Ќе се вратам“, изјави Родригез.

Родригез доби апсолутна поддршка од Лас Палмас, а клубот ќе направи се за да го олесни неговото лекување и да се врати во Ла Лига.

Слични содржини