Дурмиши: Инспекторите ги следат цените на маркетите во изминатите шест месеци

од Nikola Popovski
10 прегледи

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши соопшти дека Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе ја заврши контролата до крајот на неделава. Како што појасни, ги контролираат трговците, добавувачите, дистрибутерите и производителите. Се контролира колку е процентот на маржите од страна на трговците во периодот од 6 месеци и врз основа на тој извештај на ДПИ, ќе ги преземат мерките кои што би биле потребни. Ова следува по поскапувањата на основните прехранбени производи, а поради кои граѓаните организираат бојкот на поголемите синџири маркети.

-Поради тоа што информиравме информации дека се зголемени цените на основните производи, кажавме дека ги разбираме граѓаните и веднаш презедовме чекори. Одржавме состанок со КЗК и ДПИ и дадовме насоки да ги гледаат цените на маркетите во изминатите шест месеци. Имавме информации дека се покачиле цените и врз основа на тој извештај ќе ги преземеме мерки, посочи Дурмиши на прес-конференција со новинарите.

-Легитимно е да има бојкот на маркетите, го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните, додаде тој.

Дурмиши немаше одговор на прашањето од кои извори Владата ќе ги надомести изгубените средства по основ на трговскиот промет, дотолку повеќе што минатиот петок, прометот во трговијата беше помал за дури 300 илјади евра, со оглед на бојкотот на граѓаните на маркетите.

Преполовен прометот во маркетите поради бојкотот. Осумте најголеми маркети во земјава имале заработка од 114 илјади денари или речиси 47 отсто помалку во споредба со претходниот ден, но и со минатиот петок. Анализата ја објави УЈП, според бројот на издадени фискални сметки. Повикот за бојкот, на последниот ден од јануари ги остави речиси празни најголемиот дел од маркетите – граѓаните се одлучија на овој чекор поради високите цени. За во петок се најавува нов бојкот и се апелира на поголема масовност.

Слични содржини