Ботови на корупцијата праќаат лажни дојави за бомби во училиштата, порача сестрата на Фросина тврдејќи дека се прави дефокус од реалните трагедии

од Nikola Popovski
888 прегледи

Росица Кулакова, сестра на трагично починатата Фросина, објави нов потресен Фејсбук статус и обвинува за смислено сценарио во однос на упатените лажни дојави за бомби низ повеќе школи низ државата.

-Сочувство до семејството на Игор Југ, уште една жртва на корумпираното судство. За да не дефокусираат од реалните трагедии, ботови на корупцијата праќаат лажни дојави за бомби во училиштата. Не ли ни е веќе видено ова сценарио? Со ефтини закани пробувате дополнително да ги исплашите веќе преплашените деца и родители. Срамно, објави Росица.

Вчера сестрата на Фросина објави и дека денеска адвокатот Сашо Дукоски ќе прикаже видео како возачот Васил Јованов вика од шок по несреќата. Според неа, ова е со цел да се изманипулира јавноста тврди таа и апелира до медиумите да не го објават видеото.

Сестрата на Фросина Кулакова, Росица до медиумите: Не го објавувајте видеото, снимено веднаш по несреќата, сакаат Васо да го очовечат

По несреќата, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Јованов над мртвото тело на Фросина извикува „што направив, што направив“. Во близина има и луѓе кои му велат да се смири. Други пак проверуваат дали младата девојка покажува знаци на живот пред да пристигне возилото на Брзата помош. Целата сцена е снимена од тротоарот на булеварот „Партизански одреди“.

Обвинителството не се откажува од постојано прибирање нови докази и проверки на текот на претходната постапка водена против Васил Јованов, вели обвинителот Коцевски. Делото го стори додека ја чекаше на слобода пресудата од Скопска апелација поради претходно сторено кривично дело.

Обвинителката Фетаи постапила во законскиот рок, откако на 27-ми ноември минатата година го добила одговорот од Вишото јавно обвинителство, но судот повеќе од два месеци не донел одлука. Обвинителството не може да се меша во постапувањето на судовите, вели Коцевски.

Токму за утврдување на евентуална одговорност Судскиот совет формира комисија. Ниту оваа комисија нема рок во кој треба да постапи, но претседателот на Судски совет смета дека се треба да се одвива внимателно за да не му се вршело притисок на Апелацискиот суд.

Во законодавниот дом денеска ќе има јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот. Доаѓа по иницијатива на владејачкото мнозинство. По смртта на 22-годишната Фросина која беше прегазена на булеварот „Партизанска“, се уклучи алармот кај институциите да се стави крај на дивеењето по улиците. И стручната фела сугерира систем за поголема безбедност.

Слични содржини