Левица поднесе предлог-закон за кривична одговорност на судиите

од Nikola Popovski
53 прегледи

Пратениците на Левица поднесоа предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик со кој предлагаат воведување на кривична одговорност за судиите. Според портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, јавноста долго време го чека овој предлог-закон поради општата недоверба во судството и сегашната правда несигурност.

Се предлага во Кривичниот законик, по членот 353 в, да се додаде нов наслов и член кој гласи кршење на законот од страна на судии.

-Согласно Уставот, секој е должен да ги почитува законите и Уставот, вклучувајќи ги и носителите на трите власт. Судската власт има клучна улога во обезбедувањето на владеењето на правото. Ова решение е потребно бидејќи предолго во Македонија никој не поведува одговорност за тоа што граѓаните го мислат и тоа што не носи до погубни резултати. Овој закон не е против судството, туку против корупцијата во судството, рече Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.

Левица бара поддршка од сите пратеници во Собранието.

Мециновиќ смета дека како позадина на иницијативата на владеачкото мнозинство за разрешување на членовите на Судскиот совет стои идејата за „судството да се испопика со нивни подобни судии и судии од тефтерчето“. Најави дека Левица ќе ја разгледа интерпелацијата, но дека Судскиот совет не ја работи работата како што треба и се сомневаат во политичките мотиви на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини