Ќе се врати ли Хари Кејн во Премиер лигата?

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Хари Кејн нема намера да го напушти Баерн Минхен ова лето и покрај тоа што неговиот договор содржи откупна клаузула. Според информациите на Фабрицио Романо, англискиот интернационалец е среќен во Германија и во оваа фаза не планира враќање во Премиер лигата.

Напаѓачот, кој дојде во Баерн во 2023 година за 100 милиони евра, би можел да ја напушти „Алијанц Арената“ по завршувањето на сезоната за 80 милиони евра, но не покажа интерес за активирање на оваа опција. Следната година клаузулата ќе се намали на 65 милиони евра.

Со импресивни 70 гола во 72 натпревари за Баерн, Кејн останува клучна фигура за Баварците. Иако Тотенхем има предност во сите преговори за негово враќање во Англија, последниот збор ќе го има самиот играч.

Слични содржини