Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос и официјално потпиша со мексиканскиот клуб Монтереј. 38-годишниот дефанзивец беше без клуб во последните шест месеци откако ја напушти Севиља.
„Добре дојде, Серхио Рамос! Повеќекратен шампион со Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Светски шампион и европски првак со Шпанија. Твоите лидерски квалитети, технички вештини и желба за победа ќе ги однесат „сино-белите“ многу високо“, напишаа од Монтереј на социјалните мрежи.
Рамос избра да го носи дресот со број 93 и тоа, се разбира, не е случајно. Во 93. минута го постигна својот славен гол во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, со што го израмни резултатот, а потоа Реал Мадрид победи со 4-1 во продолжението.
Според мексиканските медиуми неговата плата ќе биде 4 милиони евра по сезона.