Јунајтед се распаѓа, а на Аморим не му треба напаѓач: Ќе ризикуваме, тоа беше моја одлука!

од Vladimir Zorba
409 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим објасни зошто неговиот тим одлучил да не ја засили напаѓачката линија, особено по заминувањето на Ентони и Маркус Рашфорд.

Манчестер Јунајтед го засили својот тим за време на неодамна завршениот зимски преоден рок со двајца дефанзивци: левиот бек Патрик Доргу, 20-годишен за кого платија 30 милиони евра од Лече и централниот бек Ејден Хевен, 18-годишен од Арсенал за необјавена сума.

Многу навивачи очекуваа Јунајтед да доведе и напаѓач, со оглед на лошата форма на тимот во Премиер лигата (13. место на табелата), имајќи предвид дека „црвените ѓаволи“ ги „избркаа“ Ентони и Маркус Рашфорд во јануари, на позајмици во Бетис и Астон Вила.

Сепак, Јунајтед не успеа да замени ниту едно од двајцата, а нивниот напад сега е уште послаб. Ова е ризик кој, за разлика од Микел Артета во Арсенал, го презема тренерот Рубен Аморим, како што потврди на прес-конференцијата во пресрет на четвртфиналниот натпревар од ФА Купот против Лестер на „Олд Трафорд“.

Аморим изјави дека пред затворањето на преодниот рок Јунајтед „пробал се“ за да го засили составот, но на крајот не успеал да донесе нови играчи.

„Ќе ризикуваме, но сакаме нешто различно во тимот, различни профили. Моја беше одлуката да го направам тоа. Свесни сме за итноста на ситуацијата за тимот (но) никој овде не сака да ги повтори грешките од минатото”, рече на почетокот португалскиот тренер и продолжи: „Ќе видиме во текот на летото, но како што реков, ние сме многу внимателни околу потпишувањето договори бидејќи направивме некои грешки во минатото.

„Не сум наивен, многупати го кажав тоа, ова е спорт во кој резултатите се важни и ние сме во тешка ситуација“, призна португалскиот стручњак за состојбата на тимот во Премиер лигата по поразот од Кристал Палас минатата недела, нивниот петти пораз во последните шест првенствени натпревари на „Олд Трафорд“.

Аморим нагласи: „Знам дека кога ја избирам оваа професија постои ризик од резултати, а за тоа бев свесен и кога дојдов овде (во ноември). Гледам во календарот, го гледам тимот, мојата одлука да сменам се на средина од сезоната без нови засилувања е ризик за тренерот, но јас имам јасна претстава што сакам да направам и ќе ги преземам тие ризици бидејќи на крајот јас ќе ги сносам последиците“.

Слични содржини