РКЕ бара ЕВН Хоум да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

од Nikola Popovski
488 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.

Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура), се додава во соопштението, имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ.

-Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган.

За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ, одговорот од ЕВН ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат. Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на erc@erc. org. mk и [email protected] , појаснуваат од РКЕ и додаваат дека против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор, велат од РКЕ.

Од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %).

Во последните денови стигнаа голем број поплаки од граѓани кои обвинуваат дека добиле високи сметки за струја и дека наводно електричната енергија е поскапена за 20%.

Слични содржини