Барса го допре дното! Должи 1,3 милијарди евра, а сега на аукција продава сувенири од своите легенди

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Барселона се соочува со долгови од 1,3 милијарди евра, а за да собере готовина, на аукција продава сувенири од своите легенди.

Во рамки на реновирањето на стадионот „Камп Ноу“, но и со цел да се соберат средства, Барселона одлучи да се раздели со многу вредни сувенири.

Раководството на клубот отиде дотаму што на аукција ги стави дури и највредните предмети од соблекувалната на тимот: шкафче и клупа на Лионел Меси!

За шкафчето на Меси – 287.000 евра

Капитенот на Аргентина одбележа ера во каталонскиот клуб, со кој меѓу другото освои 10 титули и четири ЛШ. Логично, интересот за шкафчето и клупата е огромен. Особено затоа што на шкафчето е испечатена неговата слика, како и отпечатоците од копачките што ги носел.

Во овој момент највисоката евидентирана понуда е околу 287.000 евра. Сепак, победничкиот понудувач мора да плати дополнителна провизија од 22%. Тоа веќе значи дека вкупната цена ќе надмине 350.000 евра – а можно е цената да порасне уште повеќе! Аукцијата трае до 13 февруари!

Барселона става на аукција 28 предмети

Работите на Меси претставуваат се само дел од колекцијата што Барселона одлучи да ја стави на аукција. Вклучува дури 28 предмети од стариот „Камп Ноу“. Меѓу нив се шкафчињата на други клупски легенди, како Диего Марадона, Пеп Гвардиола, Роналдињо, Нејмар, Луис Суарез и Жерар Пике.

Ќе се продаваат и делови од теренот. Парче вештачка трева од просторот за техничка клупа, знамиња од аглите на теренот користени на историски натпревари, дури и белата точка за пенали!

Целата оваа кампања е дел од проектот „Memorabilia“ кој Барселона го промовира под слоганот „Парче од историјата на клубот во вашата дневна соба“.

Слични содржини