27
Лука Дончиќ со доаѓањето во редовите на Лос Анџелес Лејкерс предизвика вистинска еуфорија помеѓу навивачите на славниот клуб.
Словенечкиот кошаркар го избра дресот со број 77, а откако беше претставен започна вистинска „лудница“ за неговиот дрес и во продавниците можат да се видат огромни редици.
Очекувањата се дресот на Дончиќ да биде помеѓу најпродаваните во НБА лигата за оваа сезона. Дебито во новиот клуб Дончиќ би требало да го има во ноќта помеѓу понеделник и вторник кога Лејкерс ќе играат против Јута.
ФОТО: ИНСТАГРАМ