Одгласите на шокантниот трејд на Лука Дончиќ сè уште одекнуваат низ кошаркарска Америка, а размената на играчи на Далас за тројца првотимци на Лос Анџелес Лејкерс доби нова димензија кога најистакнатото име меѓу нив, Ентони Дејвис, се повреди во своето деби за поранешниот тим на Словенецот.
На теренот против Хјустон мина 30 минути, постигна 26 поени, фати 16 топки, од кои 12 во сопственото поле, му недостасуваа три асистенции за трипл-дабл, а имаше и три блокади… но, за жал, сега треба да паузира.
Неколку недели, можеби и цел месец и не е исклучено да заврши на операција. Секако, медицинскиот тим на Маверикс ќе даде се од себе за да го реши проблемот без да „легне под нож“, бидејќи тоа го продолжува опоравувањето.
„Далас и Ентони Дејвис ќе разговараат за опциите за третман на неговиот аддуктор. Тие ќе истражат дали повредата може да се санира без операција“, објави НБА инсајдерот Марк Стајн во врска со болната тема за навивачите на тимот од Колорадо.