Поранешниот сопственик на Далас Маверикс, Марк Кјубан се обидел да го спречи „трејдот“ што резултираше со трансфер на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.
Според извештајот на Марк Стајн, Марк Кјубан повеќе немал контрола врз одлучувањето откако веќе бил постигнат договорот за трансфер на Лука Дончиќ од Далас во Лејкерс, бидејќи тој го продаде мнозинскиот пакет акции во Далас во 2023 година, задржувајќи само малцински удел.
Кјубан доцна дознал за оваа размена на играчи.
„Кога Кјубан дозна за „трејдот“ Лука-Дејвис, веќе беше доцна. Патрик Димонт (новиот сопственик) не побарал совет. Изворите велат дека Кјубан го убедувал Харисон да не продолжи со трејдот за подоцна да дознае дека договорот со Лејкерси веќе бил усно завршен“, сподели Марк Стајн
Тој никогаш не го криел своето високо мислење за Словенецот и неговите способности на теренот. Неодамна, како одговор на прашање, тој ја коментираше оваа зделка, наведувајќи дека повеќе би сакал да потпише документи за развод отколку да се откаже од Лука Дончиќ.