Лос Анџелес Клиперс потпишаа договор со бекот Бен Симонс два дена откако беше ослободен од Бруклин Нетс, објави Ројтерс.
28-годишниот Симонс беше во последната сезона од петгодишниот договор со Бруклин, а оваа година треба да добие 40,3 милиони долари од клубот, но беше ослободен бидејќи во последните три сезони постојано го мачеа повреди.
Симонс е трикратен НБА Ол-стар и беше прогласен за дебитант на годината. Тој се приклучи на Бруклин на 10 февруари 2022 година, како дел од трејдот што го испрати Џејмс Харден во Филаделфија.
Сега Симонс ќе му биде соиграч на Харден во Клиперс.
Бекот одигра 90 натпревари со Нетси, со просек од 6,5 поени, 6,2 скока и 6,3 асистенции во просек од 24,6 минути по натпревар.
Кошаркарот со австралиско потекло претходно одигра 275 натпревари за Филаделфија.