Рама: Заборавете на мојата оставка, само срцето или народот ќе ме отстрани од политиката

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека нема да поднесе оставка по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и дека само срцето или народот можат да го тргнат од политиката.

Тој во видео-интервју на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници, по апсењето на Велиај, побрзале да побараат оставка, пишува „Еуроњуз“ на албански јазик.

„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат откако влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно брзо за да ме разбуди наутро, или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.

Градоначалникот на Тирана беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство (СПАК), а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организираниот криминал (ЃККО) и одреди куќен притвор на неговата сопруга Ајола Џоџа и нареди претреси во станот што наводно го користела.

Слични содржини