Владата ќе бара маркетите да ги објават сите цени на своите производи на веб-страница

од Nikola Popovski
175 прегледи

Владата ќе предложи сите ланци на супермаркети да имаат јавна веб-страница на која што ќе ги објават сите цени на сите производи кои што ги имаат на залиха. Според премиерот Христијан Мицкоски, ова ќе биде една од работите за кои ќе се дискутира и граѓаните на тој начин јасно ќе видат кои се цените и самите ќе одлучат.

-Ние да ги следиме тие трендови и да направиме некаков хистограм на движење на тие цени, кажа денеска претседателот на Владата за најавените мерки по извештајот на пазарните инспектори за цените во маркетите.

Премиерот сепак не сакаше да открие дали и кои би биле другите мерки со кои ќе треба да се зауздааат трговците и добавувачите.

Со профит од 25 до 40 отсто најголеми профитери се дистрибутерите увозници според извештајот на Пазарен инспекторат. Дали министерот за економија, Бесар Дурмиши ќе ја извади одлуката за замрзнување од фиока или ќе се преземат други мерки ќе биде познато по денешната владина седница на која ќе се разговара и за цените.

Слични содржини