Сиљановска: Македонија покажа невидена кооперативност за евроинтегративниот пат, има исчекор

од Nikola Popovski
20 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова тврди дека Македонија покажа невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Треба да се разговара и преговара, смета шефицата на државата.

-Според моите сознанија, има исчекор. Јас и во Аушвиц се видов со претседателот на Бугарија. Меѓу има пријателски дијалог и разбирање. Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија. Она што е ново и она што е инспиративно е дека Групата за пријатели на Западен Балкан е активна. Јас знам дека има креативни предлози во смисла на тоа дека би можело да ни се отвори паатот за кластерите 2,3 и 4. Знаете дека ние склучивме договор за заедничката, меѓународна и безбедносна политика, иако не сме членка на ЕУ. Имаме целосно усогласена надворешна и безбедносна политика. Мислам дека треба време и она што е најважно – добра волја и манифестирање на добрососедство. Во него не можам да препознаам механизми како ветото и сличните закани, рече Сиљановска-Давкова.

Вчера бриселски „Еурактив“ објави дека новата бугарска влада објави дека одбива да преговара со Македонија за условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

„Пред три години, Бугарија и С.Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот на европска интеграција на Западен Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот Устав, а властите во Софија ветија дека ќе го укинат ветото за почеток на преговорите со С.Македонија“, стои во текстот објавен вчера.

Авторот на написот понатаму нагласува дека минатата година во земјава дојде до промена на власта и дека новата влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски ветила дека „нема да ѝ прави отстапки на Софија“.

Претходно од официјална Софија порачаа дека не е возможно репреговарање на Преговарачката рамка на Македонија.

Слични содржини