Итно предупредување до корисниците на iPhone: „Можен е софистициран напад“

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Apple издаде итно предупредување до корисниците на iPhone откако телефонот стана цел на „екстремно софистицирана“ безбедносна закана. Поради ова, Apple ги повикува корисниците веднаш да ги ажурираат своите уреди за да го намалат ризикот од губење на податоци. Оние кои сè уште не го преземале безбедносниот „пач“ може да бидат изложени на ризик бидејќи компанијата предупредува дека хакерите потенцијално би можеле да преземат целосна контрола врз уредите.

Најновите ажурирања, iOS 18.3.1 и iPadOS 18.3.1, се достапни за iPhone XS и понови, како и за iPad Pro (трета генерација и понова верзија). Ажурирањето е исто така достапно за 11-инчниот iPad Pro (1-ва генерација), iPad Air (3-та генерација), iPad (7-ма генерација), iPad mini (5-та генерација) и сите подоцнежни верзии на овие уреди.

Во соопштението на Apple се вели: „Физички напад може да ги оневозможи ограничувањата за користење USB на заклучен уред. Apple е свесен за извештаите дека овој проблем можеби бил искористен во многу софистициран напад против одредени корисници“. Компанијата додаде: „За да ги заштити нашите корисници, Apple нема да открива безбедносни проблеми додека не се спроведе истрага и не се достапни „пачови“ или нови изданија“.

Според извештајот на „Дејли Мејл“, досега нема потврдени случаи на хакери да ја преземат контролата врз уред на Apple, но компанијата сакала однапред да ги предупреди своите корисници за секој случај.

Кон крајот на минатата година, Apple исто така ги предупреди корисниците за „фишинг-мејлови“ кои би можеле трајно да ги одјават од нивната сметка на Apple ID. Измамниците во тој период користеле лажна порака за да ги измамат корисниците да кликнат на врска и да ја потврдат нивната сметка, пренасочувајќи ги на страница која им ги украла информациите за најава, вклучително корисничко име и лозинка.

Напаѓачите дури можеа да ја пресретнат верификацијата во два чекора, што го натера Apple да издаде дополнително предупредување. „Apple никогаш нема да побара од вас да се најавите на која било веб-страна, да кликнете на „прифати“ при верификација во два чекора, да ја дадете вашата лозинка, лозинка за уредот или дво факторен код или да ги внесете на која било веб-страница“, се наведува на официјалната веб-страница на Apple.

Слични содржини