Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио, додека се подготвуваше за евентуалното учество против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, доби непријатна вест дека и понатаму е обвинет во случај за дистрибуција на детска порнографија. Неговите адвокати побараа да се отфрлат обвиненијата против него, но Окружниот суд во Лас Палмас го отфрли тоа, пренесува El Pais.
Асенсио е еден од четворицата играчи на „Ла Фабрика“ (академија на Реал) кои претходно беа уапсени и се под истрага за дистрибуција на детска порнографија. Ова е скандалозен инцидент од летото 2023 година, кога Раул и уште тројца млади момчиња од Реал однесоа две девојчиња на плажа во Гран Канарија. Таму изнајмиле сепаре, каде работите прераснале во групен секс. Дотичниот Асенсио бил единствениот кој не учествувал во оргијата, но тајно снимал што се случува со неговиот телефон. Потоа видеото почна да се шири преку апликацијата WhatsApp се додека една од девојките не дознала за тоа. Следуваше сигнал до полицијата, која реагираше и ги приведе играчите.
Проблем за фудбалерите е што една од девојките била малолетна во моментот на снимањето на видеото. Поради оваа причина, судијата во случајот го вклучи и обвинението за дистрибуција на детска порнографија, што само по себе носи затворска казна од 1 до 5 години. Останатите тројца без Асенсио беа обвинети за секс со малолетничка, а вкупно четворица беа обвинети дека дистрибуирале секс видео без дозвола на малолетникот. Процесот се уште е во тек. Останатите тројца играчи се Феран Руиз (сега во Жирона), Хуан Родригез (Тарасона) и Андрес Гарсија (Алкоркон).
Интересното е што исчезна видеото со дотичната секс сцена. Сепак, има сведок кој тврди дека Асенсио тоа му го покажал од телефонот. Поради оваа причина, судијата одби да се откаже од обвинението против играчот на Реал.
Четворицата фудбалери се соочуваат со затворски казни од 1 до 5 години.