23
Ентони Дејвис дојде во Далас во трејд во кој Лука Дончиќ отиде во спротивен правец, во Лејкерси.
Сепак, Дејвис, кој е многу склон на повреди и неодамна влезе во некој ритам и континуитет, повторно се повреди.
Сепак, тоа не е се, Џејсон Кид не може да смета ниту на Даниел Гафорд.
Центарот на Маверикс се повреди на натпреварот против Сакраменто. Се работи за повреда на коленото, а се очекува да отсуствува најмалку две недели.
Покрај тоа, уште двајца играчи нема да можат да играат поради повреди, 33-годишниот Канаѓанец Двајт Пауел и 20-годишниот Дерек Лајвли.