Гвардиола: Во моментов не сум во можност да му го дадам на тимот потребното за да се справи со тешките ситуации

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим направиl грешки на натпреварот против Реал Мадрид во плеј-офот од Лигата на шампионите и дека не е доволно стабилен за да го издржи притисокот.

Сити синоќа загуби со 2:3 од Реал Мадрид во првиот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите. Домашните играчи во два наврати направија големи грешки кои му дозволија на противникот да постигне голови во последните моменти од играта.

„Играчите донесуваат одлуки во моментот, понекогаш е успешно, понекогаш не е. Немаме смиреност да управуваме со ситуациите и тоа се случило многу, многу пати. Затоа треба да се мисли и можеби во иднина тоа нема да се случи“, рече Гвардиола, а пренесува Sky.

Сити поведе со голот на Ерлинг Халанд во 19. минута, израмни Килијан Мбапе во 60. а Халанд повторно донесе ново водство на домашните во 80. минута. Актуелниот шампион израмни со голот на Брахим Дијаз во 86. минута, а победата ја обезбеди Џуд Белингем во втората минута од судиското надополнување.

Сити нема победа во последните четири натпревари во Лигата на шампионите на кои го постигна првиот гол и прими 57 гола во 38 натпревари во сите натпреварувања, три повеќе од минатата сезона.

„Против Реал Мадрид беше тесно. Јас сум сосема искрен со себе, имавме шанси и игравме доста добро со топката, но во моментите кога требаше да ја вратиме топката не можевме да се одржиме. Во последната минута отидовме со добар резултат и не можевме да го задржиме. Јас сум тука многу години и бев дел од извонредна екипа, неверојатни машини, но во моментов не сум во можност да му дадам ништо на тимот за да се справи со овие ситуации. Тоа е вистина“, изјави Гвардиола.

„Вината е кај сите нас, немам проблем да прифатам дека ова не функционира како што функционираше во минатото. Би било лесно да се обвини еден играч, тоа е смешно, така не функционира. Сите сме виновни, пред се јас. Вистината е дека не сме доволно стабилни во вакви моменти“, додаде тренерот на актуелниот шампион во Премиер лигата.

Реваншот се игра на 19 февруари во Мадрид, а победникот ќе се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Слични содржини