Таравари откри во кои случаи би поднел оставка од функцијата

од Nikola Popovski
63 прегледи

Невозможно е за една година да направиме норвешко здравство во Македонија, изјави денеска министерот Арбен Таравари на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Првиот човек во здравството, запрашан од пратеничката на СДСМ, Соња Мираковска, кажа дека би ја доставил својата оставка „ако му се случи истиот случај како што беше со модуларната болница во Тетово или ако види дека се крадат лековите во Онкологија и се пушта вода, наместо терапија за пациентите“.

-Тоа е елементарна катастрофа. Не бегам од одговорност, ниту сум бегал. Не доаѓам од пазар, туку од универзитет и болница. Никогаш не престанав да прегледувам пациенти откога сум во политиката, за овие осум години, рече Таравари запрашан од пратеничката дали ќе си поднесе оставка поради случувањата на Клиниката за токсикологија.

Недостигот на лекови за онколошките пациенти, ги разгоре меѓупартиските препукнувања во за тоа кој е виновен за недостигот на биолошка терапија. ВМРО-ДПМНЕ прстот го впери кон поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, додека СДСМ пак, смета дека за хаосот на Онкологија виновни се директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Арбен Таравари, кои веднаш треба да поднесат оставки. Филипче до Обвинителството доставил извештаи за работата на Клиниката за онкологија, за коишто досега се тврдеше дека не постоеле.

Слични содржини