Левандовски останува во Барселона до летото 2026 година

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски веќе договорил нов договор со клубот, пренесуваат Мундо Депортиво и Спорт.

Полскиот напаѓач ќе остане со Каталонците уште една сезона – до летото 2026 година. Левандовски во актуелниот договор имаше клаузула со која автоматски ќе му се продолжи договорот доколку играше на половина од натпреварите на Барселона. Ова ќе стане факт на домашен терен на Рајо Ваљекано, бидејќи тоа ќе биде 34-ти меч за Полјакот во досегашниот тек од сезоната.

И покрај оваа клаузула, сепак, Барселона веќе одлучи да го продолжи договорот на 36-годишниот Левандовски во секој случај. Од почетокот на сезоната настапува повеќе од одлично и на 33 натпревари досега има 31 гол.

Левандовски ја ужива целосната доверба на тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко, како и претседателот на клубот Жоан Лапорта. Иако Полјакот имаше повеќемилионски понуди од Саудиска Арабија, заминувањето од Барселона никогаш не било на дневен ред за него. Згора на тоа, Левандовски, неговата сопруга Ана и нивните две ќерки веќе се населиле во каталонскиот град Гава и имаат намера да останат таму откако фудбалерот ќе ја заврши кариерата.

Барселона веќе ги продолжи договорите со некои од своите клучни играчи како Роналд Араухо, Педри и Гави, а тоа се очекува наскоро да се случи со двете најголеми ѕвезди на тимот – Ламине Јамал и Рафиња.

Слични содржини