Тошковски: Запленети над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана

од Nikola Popovski
326 прегледи

Министерството за внатрешни работи и Царината синоќа спроведоа акција на граничниот премин Богородица. Се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички што тргнал од Косово, а крајна дестинација била Турција. Дрогата била скриена во рециклирана отпадна хартија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска објави дека во рамки на засилените оперативни мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во изминатата недела реализирани се значајни заплени, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана.

-Овие резултати се потврда за нашата цврста и доследна заложба во пресекувањето на криминалните канали и ставањето крај на активностите што ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните. Како институција со јасен мандат за заштита на јавниот ред и мир, остануваме непоколебливи во спречувањето на сите форми на криминал. Нема компромиси со оние што го прекршуваат законот и се обидуваат да профитираат на сметка на безбедноста на нашите граѓани, објави Тошковски на социјалните мрежи.

Слични содржини